ВМРО-ДПМНЕ: Пратениците на СДСМ физички се пресметуваа со колегите

Од:

„Единствени кои се однесуваа насилнички во Собранието и надвор од него на 24 декември беа пратениците и раководството на СДСМ. Тие ги погазија и Уставот и Законот за Собрание и се обидоа да предизвикаат државен удар“ – реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека пратениците на СДСМ биле тие кои што го оневозможиле Собранието да работи.

„Пратениците на СДСМ беа тие кои се закануваа и физички се пресметуваа со своите колеги пратеници, кои го окупираа работното место на Претседателот на Собранието, расфрлаа документи и истураа вода врз компјутери, пиеја алкохол во ходниците на Собранието и ги навредуваа и напаѓаа службените лица. Највисоките партиски функционери на СДСМ беа тие кои што го уништуваа собранискиот инвентар, недолично се однесуваа и се качуваа на масите во Собранието, а надвор од него ги газеа полицајците и тргнаа да се пресметуваат со сопствениот народ. Ниту еднаш СДСМ не смогна доблест да признае дека нивното однесување предизвика политички хаос и несогледливи последици за Македонија. Впрочем тоа беше и нивната цел, бидејќи тие се мајстори да ловат во матно и по можност да дојдат на власт без избори, на кои што во континуитет губат 7 пати“ – додаваат од владејачката партија.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела