ВМРО-ДПМНЕ повторно прашува каде се парите од времето на СДСМ

Од:

ВМРО-ДПМНЕ и денеска повторно побара одговор од СДСМ каде завршиле парите додека биле на власт.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека „додека СДСМ не се одважи да даде одговор на ова прашање, ќе наброи дел од проектите каде одат парите во време на ВМРО-ДПМНЕ“.

Бичиклиски кажа што е направено за градската болница во мандатот на владеачката партија.

„Извршено е нејзино комплетното опремување кое опфаќа повеќе дијагностички, операциони и интервентни апарати, вклучително и апарат за компјутеризирана томографија со најмалку 64 детекторски реда и ангиограф со сите типови ехо-апарати, инкубатори, апарати за анестезија, машини за механичко дишење, гастроскопски и ендоскопски кабинети, хируршки маси во вкупна вредност 6.930.000 евра. Само за опрема во оваа болница се инвестирани приближно 7.000.000 евра. СДСМ волку пари не инвестираше во сите болници во државата“, рече Бичиклиски.

Според него се инвестира и во 17 нови амбуланти во руралните средини во: Охрид, Виница, Радовиш, Ростуше, Демир Хисар, Прилеп, Струга, Македонски Брод и Скопје, а инвестиции имало и во образованието и земјоделието.

„Во земјоделието во периодот 2006-2012 година вкупната сума за субвенции која ќе биде исплатена достигнува 500 милиони евра. На пример за тутунот, зголемена е просечната откупна цена за 50 денари по килограм или за над 40%, а се воведоа и субвенции за производството на тутун од цели 60 денари по килограм“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија