ВМРО-ДПМНЕ: Повторно фалсификати од школата на Асаф, класична монтажа – единствен кој злоупотребува болни е СДС

Од:

На измислиците на СДС им нема крај. Лага до лага, фабрикација до фабрикација. И денешниот прес на СДС каде обвинуваат за наводна злоупотреба на документи е уште една манипулација, класична монтажа и фалсификуван документ од школата на Асаф Еисин. Единствен кој злоупотребува болни во Македонија е СДС, кои крадеа милиони на грб на болните од рак, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Милиони се испумпани додека на болните од рак наместо терапија им е даван физиолошки раствор. Поголема злоупотреба на болни од случајот Онкологија нема. А, за тоа одговорни се СДС. Втора злоупотреба на болни е кога СДС реши да профитира на модуларните болници, па поставуваше „картонски кутии“ како болнички објекти, кои во Тетово се запалија и одземаа живот на 14 наши сограѓани. СДС ги злоупотребува и болните од цистична фиброза, кои останаа без терапија. Време на злоупотреба на болните завршува. Промените се во рацете на граѓаните. Македонија ќе биде повторно на граѓаните – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски

Левица: Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски