ВМРО-ДПМНЕ повикува СДСМ да ги батали ноќевањата на Стефановска во Фиренца

Од:

СДСМ треба да тужи, а не да го троши времето по хотели и измислувајќи тешки обвинувања против ВМРО-ДПМНЕ, одговараат од владејачката партија по денешната прес-конференција на опозициската партија која обелодени дека скулпторката Валентина Стефановска ноќевала во Фиренца за 282 евра од ноќ.

„По десетти пат ги повикуваме, препорачуваме и предлагаме за сите работи поврзани со проектот ’Скопје 2014‘ каде што тие сметаат дека има прекршување на законите, да поднесат тужби. Како партија и личности, тие тоа имаат право да го направат. На тој начин, од една страна ќе се види дали нивните обвинувања се сериозни или пак, како што ние тврдиме, се начин за евтино дневно-политичко препукување. Дополнително, од друга страна ќе си го заштедат сопственото време и тоа време ќе можат да го искористат за конструктивна работа и конструктивни предлози од интерес на граѓаните на Република Македнија. Граѓаните заслужуваат продуктивна и конструктивна дебата, а не замајување на теми, кои веќе ниту некој ги слуша, ниту некој им верува“, пишува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела