ВМРО-ДПМНЕ: Повик на дијалог и решавање на разноликоста во позициите на СДСМ

Од:

ВМРО-ДПМНЕ повикува на дијалог и решавање на разноликоста во позициите на СДСМ внатре во самата партија. Во реакцијата на изјавата на портпаролот на СДСМ Петре Шилегов истовремено изразува зачуденост како СДСМ си дозволува да го ускрати и правото на некого да побара дијалог.

– Не знаеме кој ја пишувал содржината на денешната изјава на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, но очигледно е дека тој што е автор нема никаков интерес од конструктивна политичка дебата во Република Македонија. Не сакаме да влегуваме во процес на меѓусебни обвинувања и квалификации. Повикуваме на дијалог, се наведува во партиската реакција.

ВМРО-ДПМНЕ, се наведува натаму, побара да се седне на маса да се дискутира и да има дијалог.

– Ова одбивање на дебата и дијалог за жал не се разликува од одбивањето за дијалог, кое што кон Македонија го прави еден од нејзините соседи, пишува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски