ВМРО-ДПМНЕ: Повеќе бесплатни лекови преку позитивната листа и нови клинички во Штип и Скопје

Од:

Повеќе бесплатни лекови преку позитивната листа и нови клинички во Штип и Скопје, приоритет на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ. Уште по преземањето на власта новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе се зафати со ажурирање и проширување на позитивната листа, со што ќе се зголеми бројот на бесплатни лекови кои се неопходни за голем број наши сограѓани, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

– Истовремено владата ќе се зафати со изградба на двата клинички центри во Штип и Скопје, а со цел граѓаните да добијат врвни услуги, според сите светски стандарди, а не да се лекуваат во лоши услови. Системски ќе се спроведе систем на регионализација, со цел подобрување на здравствените услуги, а штипскиот клинички центар ќе биде еден од тие регионални центри.

Владата ќе работи според начелата на ефикасност и ефективност и согласно тоа ќе се укинат економските директори на клиниките, а преку Национална стратегија ќе се инвестира во континуирана медицинска едукација. Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја врати довербата на граѓаните во здравствениот систем, но и ќе ка издигне услугата која ја добиваат пациентите на до сега не видено ниво – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито