ВМРО-ДПМНЕ: Посветено работиме за изградба и развој на патната инфраструктура во државата

Од:

ВМРО-ДПМНЕ никогаш не беше против инвестирање и изградба на капитални инфраструктурни проекти, особено кога станува збор за проекти од стратешко значење за Македонија. ВМРО-ДПМНЕ посветено работи за изградба и развој на патната инфраструктура во државата. За таа цел веќе почна изградбата на автопатите од Коридорот 8 и 10Д, на кои деноноќно се изведуваат градежни активности, проследени со експропријација на земјиштето кое се наоѓа на трасите. За Македонија да ја задржи стратешка положба, ВМРО-ДПМНЕ ќе се заложи и ќе изгради и брза пруга која по текот на коридорот 10, велат од партијата.

„ВМРО-ДПМНЕ посветено и транспарентно ќе работи, Македонија да ја претвори во центар низ која ќе поминуваат три раскрсници и тоа транспортна, железничка и енергетска раскрсница.

Но, ВМРО-ДПМНЕ секако било и понатаму ќе биде против криминалните начини на склучување на договори за изградба на патишта и капитални инфраструктурни проекти како тие што ги правеше СДС, со кои народните пари наместо за нивна изградба, завршуваат во приватни џебови.

А од друга страна, СДС за седум години власт единствен што направија за патната инфраструктура е играње чочек со зурли и тапани на пуштање во употреба на автопат изграден претходно, исто така, од влада на ВМРО-ДПМНЕ“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот