ВМРО-ДПМНЕ: Поради неработата и негрижата граѓаните ќе го казнат Жерновски на 15. октомври

Од:

ВМРО-ДПМНЕ испрати писмено соопштение како одговор на реакцијата на Општина Центар на нивната прес-конференција.

„СДС и нивниот миленик Андреј Жерновски за овие 4 години немаат ниту една капитална инвестиција во општината.

Жерновски и СДС се класичен пример како не треба да се управува со една локална самоуправа.

Деновиве сме сведоци на обелоденувањето на огромни скандали токму од страна на советници од СДС кој го обвинуваат дека земал по 200.000 евра поткуп и дека нелегалниот бизнис одел преку неговиот возач.

Позади нивното владеење оставија пустош по општината, граѓаните во Маџир Маало во 21 век немаат соодветна инфраструктура и водоводна и канализациона мрежа, додека пак граѓаните во Дебар Маало се соочуваат со немање на слободен простор за паркинг.

Парите на граѓаните на Општина Центар Жерновски ги троши немилосрдно на негови патувања и луксузирања, без притоа да одвои денар повеќе за подобрување на хигиената и условите за живеење во општината.

Поради неработата, негрижата граѓаните на Општина Центар ќе го казната Жерновски и СДС на 15-ти октомври“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ