ВМРО-ДПМНЕ: Поминаа повеќе од 16 часа, владата молчи и не дава никакви информации за трагедијата во Тетово

Од:

„Поминаа повеќе од 16 часа, владата молчи и не дава никакви информации за трагедијата во Тетово. Граѓаните чекаат информации, а институциите молчат. Апелираме до владата Венко и Заев да излезат во јавноста и да споделат се со јавноста што до сега е откриено“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Трагедијата која се случи во Тетово е национален траор кој ја потресе целата нација. Нашите мисли и молитви се со семејствата на починатите, но и желби за брзо закрепнување на сите повредени.

Очекуваме владата навремено да ги информира граѓаните, но и да спроведе се што е потребно за помош на терен, за семејствата на починатите и за повредените“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ