ВМРО-ДПМНЕ: Поминаа 11 дена од сквернавењето на гробишта во Љуботен, дали МВР ги крие сторителите?

Од:

„Поминаа 11 дена од вандалското сквернавење на православните гробишта во Љуботен, а ниту граѓаните, ниту медиумите не дознаа кој го сторил овој чин.

МВР целосно затаи. Тоа што им е обврска, да го штитат редот и мирот и да ги гонат сторителите на вакви дела, тие не го исполнуваат.

МВР и после 11 дена сеуште го нема фатено сторителот или сторителите на овој подол и гнасен чин кој влеа немир и тензии меѓу граѓаните. Сторителот или сторителите се на слобода и може повторно да го сторат истото дело.

Оттука се поставува прашањето дали МВР ги крие сторителите? Дали овој чин беше намерно случен со цел да се креваат тензии во јавноста и меѓу граѓаните, а некои други политички агенди да поминат незабележано?

Го повикуваме министерот Спасовски и МВР да престанат да молчат. Секој поминат ден без конкретен резултат во истрагата ја покажува нивна неспособност и непрофесионалност.

Ако Спасовски не може да реши еден ваков случај, тогаш граѓаните оправдано стравуваат за својата безбедност и дека вакви, па и посериозни може да се повторат, а полицијата не може да ги пронајде сторителите, а уште помалку да ги спречи“, изјави Деjан Митровски.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски