ВМРО-ДПМНЕ: Помина една недела откако Мерко е на црната листа на САД, а ДУИ и СДС сеуште го кријат својот миленик и не бараат оставка

Од:

Мерко веќе една недела се крие во глувчешка дупка, избегнува да се појави пред јавноста и медиумите, а за тоа очигледна поддршка има од неговата матична партија ДУИ и нивниот подизведувач во владата СДС велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Од една страна секој ден устите им се полни со САД и ЕУ, а од друга страна кога нашите меѓународни партнери, ќе укажат директно со име и презиме на криминални активности, кои ги сторил нивен сопартиец, тогаш молчат, се кријат и не ги интересира нивното мислење. Дволичноста на ДУИ и СДС е јасна и лесно препознатлива кај граѓаните, кои нема да им простат на следните избори и тие ќе им пресудат. Правдата и одговорноста која ја бараат, ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ, по формирањето на новата влада, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина