ВМРО-ДПМНЕ: Помеѓу десетте најзагадени градови во светот дури три се од нашата држава

Од:

„Република Македонија под власт на СДСМ е покриена со голема црнина. Според Светската здравствена организација помеѓу десетте најзагадени градови во светот дури три се од нашата држава.

Скопје, Битола и Тетово се на врвот на светската листа на загаденост, а Зоран Заев, Јани Макрадули, Петре Шилегов, Наташа Петровска и Теута Арифи не преземаат ништо. Две години откако со државата владее црната СДСМ, нема ниту една мерка за подобрување на квалитетот на воздухот.

Загадувањето на воздухот кое веќе еден месец е неколкукратно над дозволеното е вистински проблем како за граѓаните така и за економијата. Десетици граѓани секој ден ги полнат болниците како последица на срцеви и белодробни проблеми од загадениот воздух. Најпогодени се малите деца, старите луѓе над 65 години и хронично болните.

СДСМ наместо да преземе мерки за справување загадувањето, министерот за животна средина вели дека не се занимава со граѓаните, заменикот негов Макрадули спие на седници во собранието на кои се зборува за мерки против загадувањето, а Петре Шилегов си игра игри на својот мобилен. Тоа е односот на СДСМ кон животната средина – никаков. СДСМ не е заинтересирана за подобрување на квалитетот на воздухот.

СДСМ не се грижи за граѓаните, СДСМ се грижи само за сопствените теснопартиски интереси. Партијата која ја зави државата во црно на буквално секое поле мора да си замине. Граѓаните очекуваат подобро. Мора да настапи зората за Македонија. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани кои не се согласуваат со оваа ненародна и неспособна власт да ни се приклучат на протестните маршови ширум државата. Ги повикуваме сите слободомислечки граѓани во недела нека ни се приклучат на протестот во Кочани како и наредната среда пред владата. Зората ќе изгрее и ќе ги однесе црнилата“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?