ВМРО-ДПМНЕ: Политичката кариера на Зоран Заев е завршена

Од:

„Паниката на СДСМ секојдневно расте. Политичката кариера на Зоран Заев е завршена. Поразот за СДСМ на следните избори е се поочигледен.

Анкетите покажуваат дека паѓа довербата во Заев и неговата Влада. Веќе е јасно дека идната Влада на Република Македонија ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ. Поради оваа причина Заев се плаши од предвремени парламентарни избори.

Граѓаните на Република Македонија нема да ги заборават криминалиите на оваа власт, нема да го заборават рекетот, политичкиот прогон и уназадувањето на државата на секое поле. Истрагата за Рекет претставува класичен пример како не треба да функционира една држава. Граѓаните кога и да се случат изборите ќе го казнат Заев и СДСМ.

Европската иднина на Република Македонија е загрозена поради криминалната влада на Заев.Со премиер како Зоран Заев напредок во нашата земја нема да има, освен стагнација. Време е да се стави крај на криминалното владеење на СДСМ и Заев. Време е да започне обнова на Република Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ