ВМРО-ДПМНЕ: Полициски час без јасна стратегија, протоколи, вакцини и заштита на граѓаните нема да даде никаков ефект

Од:

„Македонија е во тотален хаос. Нема ни стратегија, ни цел, ни протоколи, ни вакцини. Новиот бран од епидемијата од ковид 19 неконтролирано се шири, а неспособната власт на Заев нема ниту план да го спречи.

Власта нема набавено вакцини и затоа сме 118 место по број на вакцинирани во светот според Блумберг. Истовремено сме на 7-мо место по смртност и во такви услови власта на заев организира попис кој уште повеќе ќе ја влоши епидемиолошката слика“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа само ја покажува целата неспособност и неодговорност на власта. Во отсуство на јасни протоколи и заштита на граѓаните, власта посега кон воведување на полициски час како единствена мерка. Тоа само дополнително ќе ги зголеми метежите во јавниот превоз, шалтерите и институциите, а ефектите ќе бидат безначајни.

Вака како што наумил Заев, а Филипче и Комисијата како што спроведуваат, само ќе се влошува состојбата. Економијата во државата, здравјето и животите на граѓаните и понатаму ќе останат жртвите на хаосот кој го создава власта на Заев со нивните стихијни и недоволно планирани мерки“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски