ВМРО-ДПМНЕ: Полицијата функционира на донации, а власта на СДС во заминување троши над 7 милиони евра

Од:

МВР не само што служи за заштита на криминалците од власта, туку и за милионски профити на фирми блиски од СДС. Како и во секоја институција, така и во МВР, СДС си наоѓа како да испумпува државни пари и истите да одат преку фирми кои тие ги поддржале. Така во објектите на МВР иако има кујни, вработени и скапа нова опрема за приготвување на храна во износ од неколку стотици илјади евра, СДС услугите за исхрана на припадниците на МВР ги дава на приватна фирма, се вели во денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

– 7 милиони и 150 илјади евра народни пари ќе завршат во нечии џебови заради тоа што СДС во сака што е можно повеќе да профитира додека им се дрма власта. За прв пат во историјата, полициските службеници сместени во објектот во Ѓорче Петров и Центарот за обука во Идризово да консумираат храна набавена од страна на приватна компанија.

Тоа што никого во истиов случај не го чуди е што даа компанија е основана токму со финансиска поддршка од владата на СДС. Документите покажуваат дека договорот склучен помеѓу МВР на Оливер Спасовски и фирмата Индустри сервис, предвидува трошење на 7 милиони и 150 илјади евра за уште еден бонбона бизнис на власта во заминување.

И додека полицијата едвај има соодветна опрема за работа и функционира на донации, СДС ќе дава милиони евра за исхрана и покрај тоа што МВР има кујни, скапа опрема и вработени за истите кои сега можеби ќе завршат на улица. СДС ни криза ги интересира, ни домаќинско работење, единствено ги интересира крадење на државните пари. Затоа се потребни предвремени парламентарни избори, за да му дојде крај на криминалното работење на СДС со државните институции – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Откако ќе формираме влада, ќе поевтинат сметките за струја

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Пендаровски и Ковачевски бегаат од одговори за аферата со Еисин

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните знаат дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе вети проект тој и го реализира

ВМРО-ДПМНЕ: Во програмата „Платформа 1198“ се обврзуваме на нови 55.000 работни

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Ковачевски и Пендаровски фатени во скандалот со експертот за црна кампања Исеини- кој и со чии пари го плаќа?

ВМРО-ДПМНЕ: Владата во заминување повторно удри по граѓаните, Ковачевски со 2500 евра апанажа не чувствува глад