ВМРО-ДПМНЕ: Подобра социјална сигурност за корисниците на социјална помош

Од:

Со измените на Предлог законот за социјална заштита, кои се во собраниска процедура, ќе се подобри социјалната сигурност на корисниците на социјална и постојана парична помош, оценува пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и најавува поддршка за законот.

Предвиденото зголемување на социјалната и постојаната парична помош за 5 проценти со законските измени се однесува на околу 35.000 корисници на социјална парична помош и на околу 5.800 корисници на постојана парична помош. По усвојувањето од Собранието, измените, според предлогот, треба да стапат во сила од јули следната година.

Според Благица Ласоска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, оваа мерка претставува дел од ветените покачувања на социјалната и постојаната парична помош за 5 проценти во наредните три години, со кои партијата се обврза во изборната програма на последните парламентарни избори.

Социјалната и постојаната парична помош досега е зголемувана неколкукратно. Во 2006 година, социјалната парична помош изнесуваше 2.900 денари, а денес изнесува 4.266 денари, што претставува зголемување за 47,10 проценти. Исто така, во 2006 година износот на постојаната парична помош беше 3.695 денари, а денес тој износ е 5.392 денари односно зголемување за 45,93 проценти, рече на прес-конференција Ласоска.

Таа истакна дека спроведувањето на политиките за посебна заштита на материјално загрозените граѓани, продолжуваат и понатаму поради што е предложено дополнително зголемување на висината на социјалната парична помош и постојаната парична помош за 5 проценти од јули 2015 година.

Досега, потсети Ласоска, за корисниците на социјална и постојана парична помош се воведени низа мерки како што се, трајното ослободување од плаќање на радиодифузна такса, бесплатно изготвување елаборати на дивоградбите во кои живеат, отпис на долгови, надоместоци за учениците од социјално ранливи семејства кои ќе се запишат и редовно ќе посетуваат настава во средно образование,…

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски