ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ поднесува предлог-закони кои ги ветуваше СДСМ пред изборите

Од:

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ поднесуваат закони кои за време на предизборната кампања ги ветуваше СДСМ. Покрај укинување на радиодифузната такса, денеска координаторот на шестата пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ, Панчо Минов поднесе предлог закон за измени во законот за извршување.

– Предлог законот за извршување го предлагаме со цел да се решат голем број на проблеми на огромна структура на граѓанството која е премногу оптоварена со казни и законски камати, за што предлагаме извршувањето да се максимализира во највисок износ колку што е главниот долг и тоа да важи за сите постапки ои се во тек и во иднина. Целта е намалување на превисоките трошоци за извршување, рече Минов.

Според пратеникот, со овој прелог закон ќе се избегнат превисоките трошоци за адвокати, нотари и извршители бидејќи има 300 илјади граѓани кои се во тек на извршување.

Ова е трет закон кој е идентичен со ветувањата на владејачката СДСМ од предизборната кампања.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?