ВМРО-ДПМНЕ поднесе Предлог-закон за престанување на важење на Законот за попис

Од:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието поднесе Предлог на закон за престанување на важење на Законот за попис, по итна постапка.

– Како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, поттикнати од огромната поддршка од граѓаните, но и од нашата борба против ваков фингиран попис, го поднесовме овој Предлог на закон за престанување на важењето на Законот за попис и бараме закажување на итна и неодложна седница на Собранието на Република Македонија на која што ќе се изгласа овој Предлог на закон и ќе се стопира овој политички попис и оваа национална катастрофа во најава, изјави на денешната прес-конференција пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска.

Василевска во име на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ апелираше до сите пратеници, без разлика на која политичка партија и коалиција и припаѓаат и без разлика на етничка и национална припадност, да го поддржат овој Предлог закон.

Пратеничката истакна дека за неколку дена за нивниот предлог за укинување на Законот за попис се потпишале сто илјади граѓани, кои, како што рече, со име и презиме, јасно и гласно го кажале своето мислење и недоверба и рекле големо „НЕ“ за ваков попис.

– Сите факти и аргументи ни говорат дека власта подготвува политички фалсификат и нерелевантен и фингиран попис, рече Василевска, која потенцираше дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да биде нем набљудувач на овој процес.

Според неа, Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ уште од самиот старт укажувала на многубројни недостатоци и аномалии на Законот за попис и од тие причини поднела околу триесетина амандмани чија цел била подобрување на текстот на законот, но ниту еден не бил прифатен.

Василевска како забелешки на Законот за попис ги посочи „злоупотребата на европското знаменце и европските вредности и скратената можност за стручна и опширна дебата, недостиг на консензус од сите политички партии, проблематична и недоречена методологија за спроведување на пописот, нефункционален и небезбеден систем за електронска евиденција на дијаспората и погрешен тајминг за одржување на пописот, иако многу европски земји поради КОВИД кризата го одложија пописот за една година“.

Според неа, власта „не отстапува од политичкиот договор“ и намерата по секоја цена да се одржи пописот.

Василевска истакна дека ВМРО ДПМНЕ не е против попис на населението, бидејќи таква статистичка операција е многу важна и неопходна за земјата, но сака да упатиме силна порака дека е „против фингиран и наместен попис со кој власта ќе фингира бројки кои се резултат на партиско-коалициски пазарења и договори на штета на сите граѓани на Република Македонија“.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик