ВМРО-ДПМНЕ поднесе нов предлог закон за спорт

Од:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собрание поднесе нов предлог закон за спорт, информираше пратеникот од оваа партија, Трајчо Димков.

Тој нагласи дека со Законот донесен од оваа Влада почнуваат да се гледаат негативните ефекти и има штетни последици за спортот во нашата држава. Со новиот закон се предлага враќање на претходните одредби што придонеле, како што потенцира, за револуција во спортот и изградиле систем што бил најпозитивно прифатен од сите спортски субјекти.

– Со претходниот закон само за три години преку даночното олеснување во македонскиот спорт влегоа 10 милиони евра, а преку Законот за игри на среќа се поддржаа преку 64 спортски федерации и стотици клубови и спортисти со дополнителни 7,5 мијлиони евра, изјави претеникот Димков и додаде дека со новиот закон сакаат да ги вратат повторно овие успешни политики.

Апелираше до парламентарното мнозинство да го поддржат новото законско решение со цел да се запре заканата за македонскиот спорт и да се земат предвид и предупредувањата од спортските федерации и Македонскиот олимписки комитет.

Според Димков, спортските федерации мора да бидат автономни и нивните статути прилагодени кон статутите на меѓународните спортски федерации, а не кон актуелниот Закон за спорт што е контрадикторен и далеку од она што во моментов се спортските федерации.

– Со постоечкото законско решение голем проблем имаат малите спортови кои не се толку атрактивни за спонзорирање, а со ваучерскиот систем се оставени со минорни средства за финансирање, рече пратеникот Димков.

Појасни дека со сегашниот закон предвидено е можност за инвестирање само за спортски субјекти кои имаат ваучер, а износот е лемитиран на 6 милиони евра вкупно за сите федерации, клубови и индивидуални спортисти.

Тој, меѓудругото, укажа дека дополнителен проблем претставуваат високи критериуми кои ги ставаат богатите клубови во прв план во однос на помалите клубови и федерации на кои им се потребни повеќе средства.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање