А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација за министерот за финансии Драган Тевдовски

by А1он10/08/2017 - 15:35143
Share0

Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието поднесе интерепелација за работата на министерот за финансии Драган Тевдовски.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Како клучни причини за поднесување на Интерпелацијата за работата на Тевдовски го потенцираме целосно неразвоен ребаланс на Буџетот за 2017 година, значителното намалување на капиталните расходи, засилено и неосновано задолжување на граѓаните на домашниот пазар, зголемување на износот предвиден за задолжување на меѓународните финансиски пазари, непочитување на народните претставници во Собранието на Република Македонија и манипулирање со економски податоци, параметри и индикатори, изјави пратеничката Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ.

Според Кузмановска, Тевдовски не ја оправдал довербата дадена од Собранието. Единствено се грижел за обезбедување средства со кои, како што рече Кузмановска, на големо се спроведуваат партиските вработувања во државните и јавни институции додека потребите на граѓаните воопшто не се ни разгледуваат.

– Поради демонстрираното незнаење и неспособност да ја извршува оваа функција сметаме дека е потребно што поскоро Драган Тевдовски да замине од функцијата министер за финансии и на негово место да дојде способен министер кој нема да прави катастрофални грешки во работењето, рече Кузмановска.

Следете a1on на Youtube YouTube
dpmneekonomija

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Катерина Ѓуровски08/11/2026 - 13:43

Кошутиќ: Надлежните институции и ЈО да го разгледаат ревизорскиот извештај за Железници Транспорт, да се утврди одговорност

Предраг Петровиќ07/11/2026 - 19:5107/11/2026 - 19:51

На 360 граѓани од Прилеп, Охрид и Ресен им се исплатени средства во филијалата на Алта банка во Битола

Предраг Петровиќ07/11/2026 - 18:46

Ангел Анѓушев: За успех на странските пазари не е доволна само добра цена, туку и висок квалитет

Предраг Петровиќ07/11/2026 - 16:0507/11/2026 - 16:09

Андоновски: Европската комисија го потврди одличниот напредок во дигиталната трансформација на државата

Предраг Петровиќ07/11/2026 - 12:25

„И Здравје и Работа“: Македонија треба да ги следи европските политики за критични суровини и да создаде услови за одговорно рударство

Предраг Петровиќ07/11/2026 - 11:02
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео