ВМРО-ДПМНЕ подготвува предвремени избори за ноември?

Од:

Од внатрепартиски извори во ВМРО-ДПМНЕ, А1 дознава дека неколкуте агенции и тинк-тенкови блиски на ВМРО-ДПМНЕ доставиле мислење до премиерот и лидер, Никола Груевски, еден ден пред посетата на Лајчак, дека парламентарни избори е најдобро да бидат одржани во номеври, што би било добитна комбинација и за централната и за локалната власт.

Во најновите испитувања на рејтинг агенциите е анализирано и утврдено дека Груевски до ноември може да го задржи овој рејтинг со мал пад од 2% , а потоа неговиот рејтинг до локалните ке падне за 20% од сегашнио, што би значело губење на неколку градови, па дури и оние кои беа бастиони на ВМРО-ДПМНЕ.

Агенциите и тинк-тенковите го советувале парламентарни избори да направи на есен, на нив би имал предност пред СДСМ 8 пратеници ,а оваа победа би се одразила и резултатот на локалните избори напролет.

Посебно укажале дека СДСМ и другите опозициски партии, во тој период се уште нема да бидат подготвени за локалните избори, дека екипираноста им е слаба по минатите избори, а посебно дека внатре во СДСМ има незадоволство не само од последниот пораз туку и од затвореноста за нови кадри. Во мислењето било посочено и дека СДСМ не направиле никакви промени по последниот пораз, и дека кадровската политика им е и полоша.

Посебно, дознава А1, за вакви предвремени избори се залагале, Јован Донев, Жидас Даскаловски, но и Артан Груби од ДУИ.

Лошите ефекти и впечаток од судењето за убиството кај Смиљковско езеро, па до новите преговори со Грција кои треба да дадат резултати во декември, посебно се потенцирани во анализите, зошто избори треба да има токму во ноември.

Дел од тинк-тенковите , советувале дека доколку има избори во ноември , опозицијата нема да успее да се избори повторно за ажурирање на списоците, но и дека ќе нема време да притиска да се направи попис.

Од она што се дознава, за септември и октомври се најавува пакет закони за јавната администрација, одбрана и МВР, со кои одредби, би биле заштитени сите оние кои ќе ги вработи ВМРО- ДПМНЕ во наредните месеци, пред изборите. Законите, според најавите во собраниска процедура, треба да бидат во месец септември.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Скопјани се гушат, ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот на Управниот одбор на „Дрисла“ и негов советник?

ВМРО-ДПМНЕ: Шукова повторно продава исти лаги за Вардариште, во 2020 лажеше со Заев сега како кандидат лаже со Филипче

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Државата оди напред, граѓаните живеат подобро

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Имаме план и програма за почиста животна средина, почист воздух и поквалитетен живот за сите граѓани

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски

Ѓорѓиевски: Скопје е град на слоеви – град на историја, уметност и визии