ВМРО-ДПМНЕ: Подготвени сме да разговараме за сите разумни барања и дилеми на СДСМ

Од:

ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да разговара за сите разумни барања и дилеми на СДСМ, се наведува во соопштението на владејачката партија, по денешната прес-конференција на Рената Дескоска од СДСМ.

– Ние не сакаме да се надмудруваме кој е за што виновен, да влеземе неодговорно во амбиентот кој тие го креираат, ниту пак можеме да спречиме СДСМ да влезе во едно вакво сценарио, кое го почна на изборниот ден кога изгубија со над 200 илјади разлика.

За сите разумни барања и дилеми на СДСМ подготвени сме да разговараме, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Наведуваат дека јасно е во која насока оди работата уште при самиот почеток и оти се подготвени и понатаму да се справуваат со сите предизвици во државата исполнувајќи ги притоа ветувањата кон граѓаните за поквалитетен живот и нови работни места.

– Во нивните изјави постои јасен сигнал дека не ја гледаат реалноста. Ние таков амбиент не прифаќаме, ќе продолжиме со проекти, дела и реформи, оставајќи кон нив подадена рака да разговараме за се што е разумно и логично. А, ако Дескоска вели дека немало разговори со нас, тогаш сето тоа ќе го оставиме повторно на нивните внатрешни релации, површност и отргнатост од реалноста кое го манифестираат постојано, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела