ВМРО-ДПМНЕ: Податоците за државните финансии се јавни и достапни

Од:

Податоците за државните финансии се јавни и достапни до сите граѓани на Република Македонија и до меѓународните финансиски институции во кои членуваме, одговори ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Ванчо Узунов, која ја смета за „очаен чекор на СДСМ за привлекување внимание и извртување на вистината“.

– ММФ потврди во својот извештај дека Македонија има ниско ниво на државен долг, како и умерен буџетски дефицит. Македонија е четврта најниско задолжена земја во Европа, а шефицата на мисијата на ММФ при својата последна посета јавно го демантираше СДСМ во нивниот обид да прикажат дека Македонија ја очекува грчко сценарио. Катаклизмичните претскажувања на експертите на опозициската партија никогаш не се реализираа. Така беше и со заговарачот на девалвацијата Зоран Јовановски, така е и сега со неговата замена Ванчо Узунов, стои во реакцијата на владејачката партија.

ВМРО-ДПМНЕ во дописот наведува дека платите и пензиите редовно се исплаќаат, како и субвенциите и обврските кон стопанството, за разлика од СДСМ која додека била на власт и покрај суфицит во буџетот доцнела со исплатата на пензиите.

– Во земјава во најтешкиот период за европската економија влегуваат и инвестираат странски компании и отвораат голем број нови работни места. СДСМ не можеше тоа да го постигне кога светската економија го доживуваше економскиот бум, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела