ВМРО-ДПМНЕ: Почетокот на школската година заради неспособната власт е обележан со штрајкови и притисоци

Од:

„Наместо почетокот на учебната година да биде свечен ден, ден кој ќе го паметат сите првачиња и нивните родители, почетокот на школската година заради неспособната и расипничка власт на Зоран Заев е обележан со неизвесност, штрајкови, притисоци.

Пораката што ја добиваат сите ученици во основните и средните училишта, нивните родители, роднини, но и студенти кои својата иднина ја гледаат во образовниот процес е дека Македонија е загубена држава со корумпирана власт која не може да обезбеди ниту минимални услови за пристоен живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Пораката која Заев ја испраќа до нив е дека тој има време за рекет, за прием на трговци со марихуана, за наместени тендери но не и за решавање на проблемите во образованието.

Заев испраќа порака дека ако треба ќе продава и име и идентитет за да остане на власт но нема намера да обезбеди пристојни плати за наставниците, ниту пристојни училишта и училници за учениците.

Власта ветуваше нови училишта и инвестиции во образованието. Но ништо од тоа нема. Две години училиштето во Башино Село, велешко стои руинирано, нефункционално, иста е ситуацијата и со училиштето „Страшо Пинџур“ во Карбинци, во субстандардни услови учат и учениците во училиштето „Димитар Македонски“ во Лисиче, за сите овие училишта власта ветуваше дека ќе ги реновира, но три години веќе со прст нема мрднато.

Ситиацијата во образованието никогаш не била полоша. СДСМ нанесува само штета. СДСМ мора да си замине за работите во образованието да тргнат на подобро“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му