ВМРО – ДПМНЕ побара, a судот веднаш го објасни затворот за Кежаровски

Од:

Одделот за извршување на санкции при Основниот суд Скопје 1, експресно одговори на апелот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ судот да ги објасни сите детали околу затворањето на новинарот Томислав Кежаровски.

Судијата за извршување санкции денеска, преку соопштение , информира за деталите околу префрлањето на Кежаровски од домашен притвор во затворот „Скопје“ еден ден по објавувањето на пресудата на Апелацискиот суд, со која новинарот е осуден на две години затвор.

„Во согласност со член 85 од Законот за извршување санкции, судијата за извршување санкции, во случај кога некое лице се наоѓа во притвор, е должен веднаш да ги преземе потребните дејства заради извршување на казната затвор и тоа веднаш по приемот на извршната одлука, а најдоцна во рок од осум дена по нејзиниот прием. Отткако конкретната одлука на Апелацискиот суд Скопје беше доставена до Одделот за извршување санкции, судијата веднаш пристапи кон подготвување на потребната документација за спровод на осуденото лице и подготвување на упатен акт со кој осудениот ќе биде спроведен за издржување на преостанатиот дел од казната затвор, што вклучува наредба до полициската станица и упатен акт, без кои судски списи затворот не смее да прими лице на издржување казна затвор“, се наведува во соопштението од судот.

Би можело да ве интересира

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски