ВМРО-ДПМНЕ по три дена реагира на разрешувањето на Кутаноски од директор на Комунално Струга

Од:

Три дена откако директорот на Јавното претпријтие Комунално од Струга, Петко Кутаноски беше разрешен од директорското место од страна на новиот струшки градоначалник Зијадин Села со реакција се јави Опшинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ – Струга, иако претходно директорот Кутаноски рече дека не му е јасно зошто неговата матична партија во Струга не реагира на постапките на Села. Кутаноски важи за еден од најактивните членови на партијата во Струга и нејзин долгогодишен активист.

„Најостро реагираме на постапка на новиот градоначалник кој од самиот старт ја покажа непринципиелноста дека би бил градоначалник за сите граѓани во општина Струга, променувајки ги раководителите од редот на македонците. На тој начин тој ги навредува сите оние 15 500 Македонци кои излегоа на овие избори и гласаа, а уште повеке не ги почитува ниту оние 8.000 Македонци кои живеат во градот Струга наспроти 3.000 македонски Албанци.

– Со овој свој прв потег Села дава јасна порака како ќе ја раководи општината Струга во наредниот период. Ако сакаше барем и малку да покаже европски манир и демократска широчина тогаш барем на разрешените македонски раководители да поставеше повторно македонски кадри, или кадар од друг етникум“, велат од ВМРО-ДПМНЕ Струга

Поставувајки ВД директор на ЈП Комунално Струга од редот на албанците и тоа негов близок сопартиец, само потврдува дека Села фактички ке биде продолжеток на непринципиелната политика која во изминатите години ја водеше Рамиз Мерко базирана исклучиво на етничка основа. Овој гест на Зијадин Села треба да го загрижи меѓународниот фактор кој очигледно и не пројавува некој посебен интерес за случувањата околу бркањето на етнички македонци од локалните институции во Струга и Кичево додаваат од ДПМНЕ.

„Зборувајки за општинскиот комитет воопшто не сакам да коментирам. Би оставил тие да искоментираат зошто воопшто до сега не реагираа“, изјави Кутаноски за медиумите пред партиската реакција за случувањата во Струга.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Поддршката на СДС и ДУИ за Коцевски ги фрла во вода сите нивни прес-конференции за Кочани

ВМРО-ДПМНЕ: Апасиев да каже колку пари зел од своите тогашни шефови, денес главни фигури во обвинителството?

Двајца браќа од струшко село повредиле жена која патувала во комбе

ВМРО-ДПМНЕ: За ситни политички поени, СДС ја стави Македонија во пламен

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски да ја прими пораката на Собрание и да поднесе оставка

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Пријавите против Митовски покажуваат дека тој не е жртва, туку локален шериф кој тепа граѓани