ВМРО-ДПМНЕ по обвинувањата на Каевски, тврди дека во партијата има нова генерација

Од:

Од ВМРО ДПМНЕ преку соопштение реагираат на денешната прес конференција на пратеникот Дарко Каевски.

„Има ли некој воопшто во СДСМ кој размислува разумно па го мести Дарко Каевски да изнесува лаги и клевети. Ако размислуваа разумно немаше сигурно да го пуштат Каевски да зборува за криминал бидејќи тој сеуште нема одговор како со државна плата за една година се стекнал со три стана куќа? Сигурно одговорот на ова прашање ќе се случи по промена на власта.

А сега околу неговите тврдења:

денес во ВМРО ДПМНЕ е нова генерација на луѓе кои креираат автентична политика што треба да донесе промени што на државата и се неопходни. Ова е време на големи предизвици со коишто оваа Влада не може да се справи поради својата неспособност.

Сведоци сме на ад хок решенија во економијата, на енормно задолжување на државата и на комплетно сервилно однесување во преговорите со Бугарија.

Денешните признанија во судскиот процес се доказ за постоење брутален политичкиот прогон и терор од страна на власта. Очигледно соочени со притисокот на овој прогон со закани за големи казни денешните искази се индивидуален чин на луѓето да се спасат од овој притисок. Методите на Заев продолжуваат и од неговиот двојник Ковачевски.

Само за потсетување дека се соочуваме со власт којашто држеше во заложништво пратеник во премиерската вила само за да опстане извршната власт. Ако тоа се случи пред некој месец на овој начин, може само го замислиме степенот на теророт врз овие луѓе за да се спроведе денешното сценарио на “признавање на вина”.

Оваа власт го потценува овој народ кој беше сведоци на многу вакви епизоди последните пет години. Оваа власт е на колена. За оваа власт се приоритет криминалот и корупцијата што се тера под изговор на кризна ситуација. Ова власт не турка се подоле во сиромаштија додека индивидуалци се богатат.

Сакаме да им порачаме дека го потценуваат овој народ и дека многу брзо ќе дојде времето кога ќе треба да одговараат за се што направија. Сакаме да порачаме дека овој пат нема да има отстапки за криминалите.

ВМРО ДПМНЕ има луѓе што ќе направат позитивна промена во оваа држава и нема да отстапиме пред какви било притисоци. Времето на промени доаѓа брзо“, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ го прикрива срамот од Кичево, Фатмир Дехари кој прави брутална злоупотреба на моќта, понижување и сексуална злоупотреба на жените

Митески: Лисиче ќе добие топлификација ветување што станува реалност благодарение на поддршката на претседателот Мицкоски

Трајановски : Монтажни катни гаражи, уредени паркови и градинки со зголемен капацитет се проектите за реален напредок на Чаир

Бошковски: Сарај може и сака промени за да изградиме улици, спортска сала, детски игралишта, инфраструктура и вистински развој

(ВИДЕО) Ангелова: Фатмир Дехари од Кичево е срам за сите жени во Македонија, злоупотреба, понижување и срамен молк од ДУИ

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Ленче Ристоска, поранешната „ѕвезда“ на пропаднатото СЈО, последна има право да зборува за плати, правда и морал