ВМРО-ДПМНЕ: По назначувањето на Кацарска за претседател и Цветанка Иванова за судија на Уставен, Заев од судот прави форум на пензионери на СДСМ

Од:

„По назначувањето на Кацарска за претседател и Цветанка Иванова за судија на Уставен, Заев од судот прави форум на пензионери на СДСМ.

Нема поголем акт на партизација на државата од тоа на Уставен суд, кој е столб во една држава, заштитник и чувар на Уставот да сакаш да поставиш поранешна пратеничка, партиски функционер и актуелен генерален секретар на собранието од редовите на СДСМ, како Цветанка Иванова за Уставен судија“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Како ќе зборува СДСМ за независност и департизација кога за Уставен судија ја предлагаат Цветанка Иванова, висок партиски функционер повеќе од една деценија?

Иванова не само што делеше функции со Заеви, таа делеше и тендери.

Зоран Иванов, син на Цветанка, кој е сопственик на фирмата „ДИКОР ЦД“ ДООЕЛ Струмица, е и бизнис партнер на Трајче Заев во фирмата „ОМНИ ГРАДБА“ ДОО Струмица која се занимава со градежништво.

Фирмата „ДИКОР ЦД“ ДООЕЛ Струмица, доби тендер во висина од 300.000 евра од Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта за Извршување на патни работи во зимски услови, и тоа за територија на подрачјето на Штип за сезоната 2019-2020 година.

Чии интереси ќе застапува Иванова, на Зоран и Трајче Заев и СДСМ или на народот?

Како јавноста да очекува правда од луѓето што со Заеви делат пари, функции и моќ?

4 години Заеви ја заробија државата. 4 години Заев, 4 години украден живот. Доста е!“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ