ВМРО-ДПМНЕ: По 20 год конечно ќе ја добиеме локалната власт во Куманово

Од:

„Бранко оди си, Македонија не ти заборава“. Со овие пароли и со фотографии од неколку фабрики и објекти како ФАС 11 Октомври, Хартија Кочани, Тутунски комбинат Прилеп, општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за куманови, ги покажа како што велат, „спомениците“ и „ремек-делата“ на Бранко Црвенковски и СДСМ.

„Луѓе останаа без работа, фабрики се затворија, невработеноста во 2006-та беше 38%, владите на СДСМ беа неуспешни“, вели претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Мирослав Стојановски.

Според него разликата во работата на нивните влади е очигледна. Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ успеале да ја намалат невработеноста на 30%, има инвестиции и работа.

Не сакаше да го открие фаворитот на ВМРО-ДПМНЕ, кој во Куманово ќе му се спротивстави на Зоран Дамјановски – Циц, но рече ќе биде најдобриот и конечно по 20 години ВМРО-ДПМНЕ ќе ја добие локалната власт.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?