ВМРО-ДПМНЕ: Платите растат преспоро во однос на енормно зголемените трошоци за живот

Од:

Добро е да растат платите и тоа го поздравуваме, но нивниот раст засега е преспор во однос на енормно зголемените трошоци за живот. Оттука сосема отсутно и изгубено во просторот и времето делува фалењето на СДС за зголемување на платите. Да не заборавиме дека токму оваа влада го зголеми ДДВ-то на огромен број на производи. Дополнително на ова ако се додаде и двоцифрената инфлација ќе се добие дека со повишувањето на платите нема ниту за сол и шеќер да се купи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„На пример, ако јогуртот се продаваше по цена од околу 70 до 80 денари, сега чини околу 90 денари. Кравјиот кашкавал кој одеше за 500 денари, сега чини 600 денари. Еден килограм овчи кашкавал ќе се продава за околу 900 денари, мешаниот за околу 700, кравјото сирење е со цена околу 400 денари, а овчото сирење се продава за повеќе од 500 денари.

Вредноста на Синдикалната минимална кошница за преживување на едно 4 члено семејство за октомври 2023 година изнесува 46 198 денари. А СДС се фали со минимална плата 22.500 денари што е пола од реалните трошоци за живот. За 7 години власт на СДС Македонија заостана зад сите држави во регионот, сите земји кои беа зад нас сега се пред нас. Во период од 2017 до 2023 година растот на БДП по глава на жител во Македонија е само 20%, додека кај сите други држави од регионот е 50%, а некаде и над тоа.

Имено додека во Македонија економијата пораснала за 20%, во БИХ таа се зголемила за 42%. Додека Македонија има раст од само 20%, во Србија растот е 50%. А за истиот период во Бугарија по глава на жител БДП се зголемил за 64%. Повеќе од двојно поголем раст од Македонија има и Албанија, каде по глава на жител во периодот од 2017 до 2022 година БДП пораснал за 52%. Во 2017 Македонија има поголем БДП по глава на жител и од Албанија и од БИХ, сега и двете земји кои беа зад нас не поминаа, а Србија, Бугарија и Црна Гора се уште повеќе пред нас. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он