ВМРО-ДПМНЕ: Петровска да одговори дали Мајорот Д. П. од струмичко е официрот вратен од мисија затоа што немал НАТО сертификат

Од:

Петровска да одговори дали Мајорот Д. П. од струмичко е официрот вратен од мисија затоа што немал НАТО сертификат, и кој лобирал тој да биде пратен велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

– Дали Министерството за одбрана пратило на мисија пред неколку месеци официр, Мајор Д.П. по потекло од струмичко на мисија на КФОР во Косово? Штетата која е нанесена врз министерството со овој чим е над 50.000 евра, за плати на официрот и логистички трошоци. Официрот без НАТО сертификат не можел да извршува задачи од важност на мисијата, и се доаѓа до заклучок дека единствено што можел истиот да работи е да спортува. Петровска и Ковачевски да одговорат зошто се праќаат лица на мисии без да поседуваат НАТО сертификати? И дали се свесни дека со ваквите дејствија и штетат на Алијансата? За чии интереси работат Петровска и Ковачевски се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела