ВМРО-ДПМНЕ: Петрески осум години не инвестирал во Охрид

Од:

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Охрид страда од неодговорноста на Петрески, а според партијата доказ е е она што на Охрид му се случи вчера.

„Зафатен од невреме и дожд на површина веднаш излезе вистината дека Александар Петрески не успеал во 8 години да го реши основното прашање во Охрид а тоа е канализационата и одводната мрежа во градот. Туристички центар како Охрид да се остави без изведба и без санација на одводната мрежа во централното градско подрачје е најголем грев на градоначалникот Петрески кон градот. Вчерашната презентација на изгледот на улиците на Охрид после краткотрајното невреме беше всушност сликата и вистината за тоталната неодговорност на Петрески и за жал презентација на вистината дека Петрески во 8 години ништо не инвестирал во потребите на Охрид ниту во сентралното подрачје ,ниту во повисоките делови од градот. Од таа негова неодговорност штетите ги трпат сите граѓани на Охрид но и туристите кои гледајќи ги овие слики добиваат поинаква претстава за градот. Петрески наместо да инвестира во потребите на Охрид , помило му беше во овие 8 години да си гради згради, да троши 50 милиони евра буџет за ништо и да ги промовира корупцијата и криминалот како вредности на Охрид“, реагира Никола Митровиќ, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

Според партијата една од неодговорните активности на Петрески во овој домен било и формирањето на јавното претпријатие Нискоградба чија обврска е грижата за одводниот систем.

„Ова претпријатие со амин на Петрески стана центарот на корупција и трошење на пари од граѓаните и наместо ги остварува целите и да се грижат за системот за одведување на водите меѓу кои и атмосферските. Колапсот на системот покажува дека целта им беше само да се соберат пари од граѓаните со високи сметки за неизвршени услуги“, рече Митровиќ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ