ВМРО-ДПМНЕ: Петрески и СДСМ никогаш не биле за Охрид

Од:

ВМРО-ДПМНЕ од Охрид и денеска укажа дека зголемената цена на паркинзите во градот ги става граѓаните во неповолна состојба.

„ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид апелира да се врати достоинството на градот, да се врати гостопримството кон домашните и странските туристи и да им се овозможи непречен престој во нашиот град а не да се удри по нивните џебови“, рече Никола Митровиќ, портпаролна на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид.

Според него, зголемувањето на цената за паркинг простор како и поставување на паркинг простор на места каде што никогаш претходно не постоеле како и недозволувањето на граѓаните кои живеат во област каде што се поставува паркинг да имаат место за паркирање преставува уште еден удар не само на граѓаните на Охрид туку и на севкупниот туризам воопшто во градот Охрид.

„Од друга страна, ако го погледнеме однесувањето на градоначалникот Петрески кој впрочем треба да се стави во функција на граѓаните, ќе согледаме само одбивен став кон потребите на граѓаните на Охрид како и кон домашните и странските туристи. Иронијата да биде поголема Петрески си дозволува сограѓаните кои бараат слободен паркинг простор пред местата каде што живеат да ги нарекува криминални групи, повторувам криминални групи.

ОК на ВМРО ДПМНЕ од Охрид е шокиран од ваквиот игнорантски став и тоа само ја покажува односот на градоначалникот Петрески кон своите сограѓани.

Петрески и СДСМ никогаш не биле за Охрид нити за граѓаните на Охрид, туку секогаш за само и само за своите интереси“, рече Митровиќ.

Би можело да ве интересира

Онлајнмедиа со осуда за прес конференцијата на СДСМ: Партијата не смее да дискредитира медиуми

(ВИДЕО) Филипче: Оваа власт не ја сака Европа – сака контрола, капитал и изолација

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Медиумски октопод на Орбан како политичка алатка на ВМРО во Македонија

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски

СДСМ: На македонскиот работник му се потребни 12 години за да заработи колку што чинат часовниците на Мицкоски

Горан Наумовски