ВМРО-ДПМНЕ: Петрески е најодговорен за состојбите на „ЕМО“ и судбините на нејзините вработени

Од:

Изјавата на Александар Петрески во врска со вработените во „ЕМО“ е лицемерна, стои во реакцијата од ВМРО – ДПМНЕ, затоа што токму во време на матната транзиција фабриката е и уништена.

Во реакцијата се потсетува дека токму Петрески беше долго време раководител во „ЕМО“ и е најодговорен, се подвлекува, за состојбите на фабриката и судбините на нејзините вработени.

– Дополнително и неговиот брат Здравко Петревски, кој сега си го вработи во локалната смоуправа, беше член на бордот на директори на ЕМО до 2006 година. За тогашната работа на бордот постои кривична пријава и судски процес кој е во тек за злоупотреба на положба и овластување. За грижата на СДСМ за ЕМО и интересите на вработените доволно говори фактот што поранешниот директор Љубе Ставрески, кој раководеше со фабриката во време на СДСМ е правосилно осуден на 25 месеци затвор за злоупотреби и криминал, стои во реакцијата од ВМРО – ДПМНЕ.

Од партијата посочвуаат и на тоа дека и коалициониот партнер на СДСМ, Љупчо Георгиевски, се обиде да направи, како што велат, криминална приватизација во ЕМО преку Драган Даравелски за што истиот е осуден и треба да одлежува казна затвор, како што одлежува Миодраг Марковиќ нивниот бизнис партнер.

– Најголемиот удар фабриката ЕМО го доживеа со продажбата на ЕСМ на Австриската ЕВН во 2006 годниа. Ако дотогаш нарачките беа во милионски суми потоа се сведоа на нула. ВМРО-ДПМНЕ изминативе 6 години правеше и прави напори да го поправи она што СДСМ му го направни на ЕМО и на Градот Охрид. Во овој период на два пати беа донесени закон за превземање на обврските кои ги има ЕМО по однос на неплатени давачки и нивно претворање во државен влог. Со тоа им беше регулирано здравственото и пензиско инвалидско осигурување на вработените, се појаснува во реакцијата.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ одобри и пакет за обештетување на сите вработени во вредност од 1.000 до 2.300 евра. Направен е и обид да се продаде ЕМО под единствен услов зачувување на вработените во рок од 5 годнини, се со цел да се заштитат нивните интереси.

– „ЕМО“ благодарение на подршката од Владата денес покажува знаци на економско заздравување ни има добиено работа на неколку далноводи во земјава и странство. Тоа што СДСМ со години го рушеше ВМРО-ДПМНЕ вложува максимален напор повторно да го издигне на здрави основи, се подлвекува во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски