ВМРО-ДПМНЕ: Пет дена ДКСК и Ковачевски бегаат од суштината на аферата Тајни имоти

Од:

Пет дена ДКСК и Ковачевски бегаат од суштината на аферата Тајни имоти, постапки и разрешувања веднаш. Пет дена ДКСК се обидува да го преземе товарот на аферата Тајни имоти на себе, и да ги аболицира 123 функционери од власта. Пет дена наместо постапки се измслуваат изговори,се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека додека ДКСК се обидува да ги амнестира, дел од функционерите опфатени во аферата Тајни имоти како адвокатот Ивица Јевтиќ и Алберт Муслиу признаа дека не поднеле анкетен лист.

„Ковачевски наместо да постапи како одговорен политичар и да почне да разрешува, тој ги штити функционерите. Дали тоа го прави затоа што можеби и тој крие имот пд аферата Броило? Ковачевски со секој поминат дека како ги штити функционерите кои криеле имот покажува дека е дел од нив. Аферата Тајни имоти докажува дека институциите со СДС на чело не си ја работат работата, и дека воопшто нема одговорност кога станува збор за функционери на власта“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито