ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски знае дека е жртвено јагне на Заев

Од:

„Стево Пендаровски губи, тој знае дека не ја ужива довербата на граѓаните, па се труди да зборува за се само не за вистинските проблеми на граѓаните.

Власта молчи два дена откако Стево Пендаровски излезе и кажа дека е следен од странси служби. Никој од МВР не кажува дали Пендаровски е следен и од кого и дали истиот со измислување лаги не создава алиби за претстојниот изборен пораз.

Пендаровски знае дека нема поддршка од граѓаните, па затоа мора и да измислува.

Пендаровски знае дека е жртвено јагне на Заев, па не бира методи за да се бламира себе си како целиот циркус да биде поавтентичен.

Спасовски нема контрола над ситуацијата, а жртви поради тоа се сите граѓани.

Спасовски треба веднаш да излезе и да каже, дали Пендаровски е следен и од кого, во спротивно ќе се потврди дека тој лаже само да го оправда претстојниот пораз.

Пендаровски и неговиот ментор, Зоран Заев ќе изгубат на претседателските избори. Граѓаните ќе го поразат СДСМ и ќе го дадат својот глас за Гордана Силјановска Давкова, што ќе биде и причина за распишување на предвремени парламентарни избори на кои граѓаните ќе го испратат СДСМ во историјата“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната