ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски вели никој не го контролирал, а како “попче“ ги потпиша измените на кривичен, спротивно на интересите на граѓаните

Од:

Пендаровски Стево без срам и перде денес вели дека никој не можел да го контролира. Да не е жално би било смешно, велат ВМРО-ДПМНЕ во своето соопштение.

Пред само неколку месеци ги игнорираше граѓаните и експертската јавност и ги потпиша измените на казнениот законик изгласани од неговите газди од ДУИ и СДС. Со ова погази две свои ветувања кои ги даваше во кампањата во 2019 година. Тогаш велеше дека никогаш немало да ги заборави пораките “нема правда нема мир“ , и дека немало да потпишува закони против интересите на граѓаните. Стево Пендаровски овие измени ги потпиша како „попче“.

И тој е директно одговорен за овој упад во правосудниот систем и ако имаше образ денес ќе им се извинуваше на граѓаните, а не уште и да се фали дека никој не го контролирал.Господине

Пендаровски вие сте просто управувани од ДУИ и СДС – му порачаа на претседателот од ВМРО-ДПМНЕ.

Пендаровски го изгуби целиот кредибилитет и интегритет. Тој со своите ставови и постапки го погази достоинството на функцијата, достоинството на народот и на Македонија.

Би можело да ве интересира

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски

Левица: Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите