ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски фалсификуваше претседателски избори

Од:

ВМРО-ДПМНЕ  реагира на прес конференцијата на Стево пендаровски од СДСМ  во врска со настанот во Слупчане.

ВМРО-ДПМНЕ го повторува ставот за настанот:

“ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со вчерашниот чин на положување на цвеќе на споменик на УЧК, во присуство на униформирани лица од македонската одбрана.Таквиот чин воопшто не ги одразува политиките и политичките ставови на ВМРО-ДПМНЕ.Ваквите настани никако не водат кон зголемување на довербата помеѓу граѓаните на Република Македонија”.

„Стево Пендаровски секогаш кога ќе продава двојни стандарди и лажен морал, ќе го потсетуваме дека тој е човек кој што ги фалсификуваше претседателските избори, на кои што Црвенковски ја превзеде функцијата Претседател на Република Македонија и за награда го пoстави Стево Пендаровски за свој советник.Таа соработка трае до денес, иако  Стево Пендаровски неколку пати во својот живот ги менуваше страните и политичките опции.Со оглед на фактот што Пендаровски е човек што најмалку може да зборува за моралот во политиката, неговата денешна прес конференција ја гледаме само како продолжение на обидите за умилкување кон Црвенковски“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ