ВМРО-ДПМНЕ: Пазарџиската политика на СДС ја уништи економијата и осиромаши народот

Од:

СДС да не ја потценува интелегенцијата на народот, нивната пазарџиска политика ја уништи економијата и осиромаши народот.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 5 месеци е фокусирана да го надомести она што е пропуштено од страна на СДС и ДУИ во изминатите 7 години во економијата.

Планот на ВМРО-ДПМНЕ е да се насочи кон структурни решенија кои ќе водат кон стабилност на долгорочен план.

Целта на ВМРО-ДПМНЕ е подобар животен стандард за сите граѓани и инвестиции.

Економијата постепено заздравува и покрај ужасната нерамнотежа која ја предизвика СДС, благодарение на мерките на Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните добиваат партнер во Владата. Растат пензиите, платите, се подобрува бизнис климата.

Инфлацијата сега е меѓу 2 и 2.5%, во време на владеење на СДС беше двоцифрена.

Тоа е така, благодарение на мерките на владата за ограничување на бруто профитната маржа на 73 производи, кои се најзастапени во потрошувачката кошница граѓаните.

Дека владината мерка за ограничување на маржата дава резултати, и дека цените на прехранбените производи се намалуваат, го потврдуваат и до Сојузот на синдикати на Македонија.

Владината мерка за намалување на цените резултираше со намалување од 5% на трошоците за храна и пијалоци од синдикалната кошничка, односно 1000 денари.

Синдикалната кошничка во делот на храна и пијалоци опфаќа 43 производи, а владата ги намали цените на 73, што значи дека реалното намалување се движи и до 1500 денари, т.е. над 5%.

На годишно ниво тоа се и до 18.000 денари заштедени во буџетот на едно домаќинство.

ВМРО-ДПМНЕ прави уште еден чекор во насока на зајакнување на економската стабилност и поддршка на потрошувачката моќ на граѓаните во пресрет на празничниот период.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ изготви новогодишна потрошувачка кошничка, во која се вклучени прецизно дефинирани производи и цени, врз основа на успешноста на есенската потрошувачка кошничка, реагираат преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис