ВМРО-ДПМНЕ: Партиите да не го злоупотребуваат убиството во Ѓорче

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска изрази сочувство до семејството Петковски поради прерано изгубениот син и упати апел до сите на смиреност, разумно и одговорно однесување. Од партијата, особено ги повикуваат сите политички фактори и политички партии да не ја злоупотребуваат оваа човечка загуба за, како што се наведува, ситни политички пресметки со неистомислениците.

Како што се наведува во соопштението, ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува брзата рекација на институциите на системот, МВР, Јавното обвинителство и судските инстанци во насока на расчистување на случајот, пронаоѓање на извршителот на убиството и негово натамошно процесуирање низ легалните и легитимни постапки на државата.

– Апелираме до младите луѓе кои овие два дена изразуваат незадоволство и до нивните семејства да дозволат државата да постапува согласно на законите. Секоја активност спротивна на законите ниту помага некому, ниту е праведна, туку само може да ја вовлече државата во сериозни предизвици и да креира големи тензии. Ги охрабруваме институциите да продолжат со воведување и заштита на редот, мирот и безбедноста, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела