А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Парите завршија за лешници, фстаци, мебел, дебели хонорари за кумови, шарени револуционери, твитер ликови

by А1он03/09/2017 - 16:4703/09/2017 - 16:48125
Share0

„Расипничкиот и неспособен СДС во агонија се обидува да ја оправда својата влада која само за три месеци изеде стотици милиони евра, а од тоа граѓаните не видоа никакво фајде.

Добивај вести на вибер

Фајде виде кумот на генералниот секретар Драги Рашковски кој само во еден ден, сосема непотребно доби 25 илјади денари, пари на граѓаните. СДС тоа треба да го објасни. Зошто без потреба, претставник на адвокатската канцеларија на кумот на Рашковски присуствувал на конститутивната седница на управниот одбор на Јасен и за тоа наплатил дебел хонорар од буџетските средства.

Граѓаните јасно го гледаат расипништвото на СДС кој стотици милиони евра потроши, а парите наместо кај граѓаните завршија за лешници, фстаци, мебел, партиски вработувања и дебели хонорари за кумови, шарени револуционери, твитер ликови, странски естрадни менаџери и комедијанти.

Јасна е нервозата на СДС. Граѓаните само во три месеци ја увидоа разликата. Граѓаните само за три месеци ја видоа дволичноста на СДС. Граѓаните во само три месеци ја видоа целата неспособност на СДС. Затоа граѓаните ќе им испорачаат катастрофален пораз кој ќе биде казна за целото потценување, лажење и манипулирање кое граѓаните им го правеше изминатиот период“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Дарко Костовски.

dpmnesdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Горан Наумовски19/03/2026 - 19:36

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Катерина Ѓуровски18/03/2026 - 11:12

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 14:0617/03/2026 - 17:20

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 13:3017/03/2026 - 13:34

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 12:4317/03/2026 - 17:22

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Катерина Ѓуровски10/03/2026 - 13:35
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен