ВМРО-ДПМНЕ: Овие луѓе ја покажаа опседнатоста од политиките на Бранко Црвенковски

Од:

ВМРО-ДПМНЕ реагира на денешното колективно „Извинување“ на дел од новинарите, предводени од ССНМ, упатени до претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски и премиерот Никола Груевски.

Од ВМРО-ДПМНЕ, стои во реакцијата, ги поздравуваат оние, кеко што велат, на кои политиката им е очигледно подрага отколку новинарската професија .

„ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи за воведување демократски и цивилизациски стандарди во секој сегмент од нашето општество. Ќе продолжиме низ дијалог со релевантни субјекти да ги решаваме проблемите, и на луѓето кои работат како новинари, и на сите останати категории како, земјоделците, бизнисмените, пензионерите, младите и сите останати. Се надеваме дека секогаш во тој дијалог од другата страна имаме и ќе имаме луѓе на кои приоритет им се интересите на граѓаните, а не интересите на поедини политички партии и поедини политичари“, стои во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ ги упатува да соберат потписи со кои ќе формираат политичка партија со која ќе настапат на избори, за да си го видат својот личен углед и авторитет помеѓу народот.

„Овие луѓе денес, во име на СДСМ се пресметуваа со Трајко Вељаноски и со Никола Груевски. Овие луѓе денес ја покажаа својата опседнатост од политиките на Бранко Црвенковски. Тие покажаа дека најмалку можат да се повикуваат во името на независни новинари“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела