ВМРО-ДПМНЕ: Овие локални избори нудиме енергични кадри кои што имаат визија, план, стратегија

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ овие локални избори нуди енергични кадри кои што имаат визија, план, стратегија и развој на секоја општина. Кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ се новата генерација на луѓе кои ќе настапат на политичката сцена и ќе го креираат развојот на општините во нашата земја“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ преку кандидатите за градоначалници нуди нова сила која што ќе донесе подобри промени во општините низ државата и искоренување на криминалот и корупцијата кои се длабоко навлезени поради власта на Заев.

Кандидатите за градоначалници преку своите проекти нудат место за секој еден граѓанин да почувствува дека е опфатен во креирањето и градењето на неговата општина.

Криминалната банда СДСМ нуди кандидати кои што имаат криминално досие. СДСМ нуди стари потрошени и докажано неспособни кадри кои што немаат реализирано ниту 10% од своите програми од претходните локални избори.

Ова е разлика помеѓу кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Време е за одлуки кои ќе испратат јасна порака до власта дека нивното заврши. Промените доаѓаат“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски