А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Отворањето на истрага „по допрен глас“ за интервјуто на Јеремиќ е доказ дека нема правен систем и правда

by А1он07/12/2017 - 16:51113
Share0

„Јавното обвинителство е слуга на Зоран Заев и хунтата на власт.

Следете a1on на Instagram Instagram

Објавување на отворената предистражна постапка „по допрен глас“ за интервјуто на Вук Јеремиќ е уште еден доказ дека во Македонија нема правен систем и правда која е подеднаква за сите, туку партиско политички прогон нарачан од Заев и неговата хунта.

Заев пред неколку месеци најави дека функционери од власта се предмет на истрага, но јавноста уште нема информација кој му ги соопштил тие сознанија на Заев, а органите на прогон кријат за кои случаи станува збор.

Странски државјанин излезе со јавно обвинување дека в.д. директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија го рекетирал „Јадран филм“, но постапка околу овој случај не беше покрената по јавно допрен глас. По јавно допрен глас не беше покрената ниту постапка за бројните сведочења за изборното насилство и сите закани кои беа упатувани кон гласачите. Не беше покрената постапка кога насилници влегуваа со пиштоли или кога отворено се говореше дека криминалци под команда на СДС делат поткуп низ државата. Не беше јавно соопштено ниту дали се отвора предистражна постапка за криминалот на Заеви со „Цареви кули“ или криминалот поврзан со „Тритерол“.

Следете a1on на Youtube YouTube

ВМРО-ДПМНЕ очекува што е можно побргу Јавното обвинителство да излезе со информација за оваа предистражна постапка што политички ја отвора и наводите да ги соопшти во јавноста за да може потоа соодветно да се процесуира случајот и против Вук Јеремиќ и против сите медиуми блиски до СДС кои ја злоупотребуваат оваа изјава заради нарушување на честа и угледот“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

vmro-dpmne

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ11/09/2026 - 19:2111/09/2026 - 19:24

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски11/09/2026 - 08:4211/09/2026 - 09:16

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски09/09/2026 - 08:3509/09/2026 - 09:15

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

Горан Наумовски08/09/2026 - 09:04

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски06/09/2026 - 11:2906/09/2026 - 11:30

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

Горан Наумовски06/09/2026 - 09:17
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео