ВМРО-ДПМНЕ: Осуда за постапката на Левица која се поклони на Енвер Хоџа, комунистички диктатор

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ ја осудува постапката на неформалниот коалициски партнер на СДС и ДУИ, Левица која се поклони на Енвер Хоџа, комунистички диктатор. Станува збор за величење на човек познат по тортурата и изразена недемократија и кршење на човекови права“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Привезокот на власта, фолирантот Апасиев не може во исто време да се поклонува на Енвер Хоџа, и да го бара родното место на Гоце Делчев. Шизофрената позиција водена од дневните потреби на власта за ПР, Апасиев го одведе до таму да го слави комунистичкиот диктатор.

Можеби ДУИ и СДС како наследници на комунистите се чувствуваат задоволни што поранешниот советник на СЈО Апасиев е вреден обожувач на нивната идеологија, но ова нема врска со демократски вредности и само ја опишува специфичната состојба во која се наоѓа власта. Ги повикуваме ДУИ и СДС да го осудат ваквиот чин на нивниот коалициски партнер и спаринг играч Левица.

Со ова Апасиев и Левица докажаа дека нивната политика и идеологија е тортура врз сопствениот народ и поддржуваат насилни методи на цензура и насилно владеење, како што всушност владеел и самиот Енвер Хоџа“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела