ВМРО-ДПМНЕ: Османи да си поднесе оставка, го прекрши уставот со неупотребата на македонскиот јазик во меѓународни односи со шпанскиот министер

Од:

„Османи да си поднесе оставка, го прекрши уставот со неупотребата на македонскиот јазик во меѓународни односи со шпанскиот министер“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Согласно уставот, единствен официјален јазик за меѓународна употреба е македонскиот јазик. Тоа е утврдено во амандманот 5 став 1. Во овој амандман ставот 1 јасно вели дека службен јазик на целата територија на Македонија и во меѓународните односи е македонскиот јазик. Јазикот кој го говорат 20% од населението во Република Македонија е службен јазик во државата, но не и во меѓународните односи.

Уставот е дециден. Јасна е дистинкцијата која ја прави уставот, а тоа е дека единствен официјален јазик во меѓународните односи е македонскиот јазик.

Уставот е највисок правен акт во државата и тој може директно да се применува. Османи треба да се извини и да си поднесе оставка“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела