ВМРО-ДПМНЕ вечерва повикува на протестен собир кој би започнал во 19 часот пред Владата, по одлуката за продолжување на притворот на градоначалникот на Општина Пустец, Едмонд Темелко за нов 30 дневен притвор.
Образложението е дека Темелко е со нарушено здравје и продолжувањето на притворот може да биде фатално за неговиот живот. За ВМРО-ДПМНЕ одлуката за притвор е резултат на политички притисоци и нема никаков основ за продолжување на притворот кој преминува во казна наместо мерка за обезбедување на осомничениот.
Според најавите протестот ќе продолжи кон судот.
Освен за притворот на Темелко, протестот е насочен и против кобните политики на СДСМ како двојазичноста, затворените од 27 април, договорот со Бугарија и, како што најавуваат, тоталната распродажба на Македонија.