ВМРО-ДПМНЕ: Оливер Спасовски пет дена го нема, и тој како да исчезна со украденото оружје од депото на МВР

Од:

Поминаа 5 дена откако беше ограбено оружје од полицискиот магацин во Охрид, а од Оливер Спасовски ни трага ни глас да даде одговори или да понесе одговорност. Како и тој да исчезнал заедно со сериозниот арсенал од магацинот на МВР велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Да потсетиме, од депо на министерството беа украдени рачни бомби, гранати, муниција, со еден збор оружје доволно да се вооружи цела единица. Спасовски е должен да одговори кој го украл ова оружје и каде е тоа оружје. Со право граѓаните се загрижени дека тоа оружје може да биде употребено во нови криминални дејствија. Исто така граѓаните оправдано стравуваат за својата безбедност, бидејќи велат ако МВР предводено од Спасовски не може своите магацини да ги заштити, тогаш како може да ги заштити нивните имоти. За доброто на сите е Спасовски , после сите неуспеси и скандали да си поднесе оставка веднаш се вели во соопштението од опозициската партија.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус