А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ако првиот човек во владата лаже и манипулира, таквото однесување го следат неговите соработници

by А1он15/10/2019 - 09:3415/10/2019 - 09:3489
Share0

„Македонија тоне во криминал и корупција. Тоа не е правиот пат кон ЕУ, туку прав пат кон изолација. Доколку првиот човек во владата и партијата е заглавен во криминал, тогаш и останатите кои во хиерархијата се под него, го следат истото однесување.

Следете a1on на Instagram Instagram

Доколку првиот човек во владата и партијата лаже и манипулира, таквото однесување го следат сите негови соработници.

Затоа гледаме како медиуми од Албанија објавуваат снимки за корупција на владините функционери, а италијански медиуми ги разобличија првите соработници на Заев. Практично ја гледаме снимката „Евро за Вице” во продолженија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа е причината зошто Русковска обвинителството не ја откри целата мрежа која што постои за да се изнудуваат пари од бизнисмените.

Следете a1on на Youtube YouTube

Се губеа телефони, се форматираа компјутери, се одолговлекуваше истрагата. Таа не може да биде кредибилна кога лицата кои што може да влијаат на докази и на сведоци се уште се на функциите во владата.

Зошто Заев не е повикан во обвинителството иако беше спомнат во исказот на еден од жртвите во „Рекет“?

Пазар има и јавноста е свесна дека за помали казни Катица и Боки ќе молчат, а Русковска и Јовески ќе продолжат со контрадикторните изјави, ќе забошотуваат и ќе се спогодуваат, се со цел да не се дојде до главата на криминалниот октопод и да се спаси Заев.

На Македонија не и е потребно обвинителство и судство на копче кое се стиска од владата. На Македонија и се потребни суштински реформи, решавање на корупцијата која е во огромни размери откако е СДСМ на власт. Потребна е одговорност за корумпираните политичари и правда за невидениот историски криминал што се случува во државата.

Правдата доаѓа заедно со обновата на Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmne

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Катерина Ѓуровски08/11/2026 - 13:43

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Катерина Ѓуровски02/11/2026 - 10:35

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:3625/10/2026 - 15:05

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:2525/10/2026 - 15:04

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 10:5019/10/2026 - 11:43

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски09/10/2026 - 14:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео