ВМРО-ДПМНЕ: ОЈО и судот ја ставаат Македонија на мапата на држави со политички затвореници

Од:

„Правната држава не функционира! Сомнеж во владеење на правото во Р. Македонија под власта на СДСМ, поради политичките апсења и монтираните случаи против македонските патриоти и пратеници изрази и комесарот за човекови права на Советот на Европа.

Политички монтираните случаи во кои се кршат основните човекови права се осудени лично од претставник на институцијата која ја донесе Европската конвенција за човекови права.

Осомничените во монтираниот судски случај се жртви на тортура. ОЈО и судот со своето делување ја стават Македонија на мапата на држави со политички затвореници.

Целиот државен апарат е ставен во полза на СДСМ. Десетината патриоти и пратеници се дел од хајката без аргументи по политичка нарачка.

Неколку месеци истите се држени во притвор без реална основа. Судот одобри неаргументирани барања за притвор за конструиран случај, со што се изживува со граѓани чиј единствен грев е што не се согласуваат со политиките на Зоран Заев.

Правосудните органи не смеат да се ставаат над законот, Уставот и меѓународните договори. Притворот не смее да се користи како казна за шиканирање на политичките неистомисленици.

Правосудните органи и чесните и одговорни правници во институциите мора да го запрат овој неаргументиран политички прогон. Во интерес на правната држава и демократијата во Република Македонија мора да се почитуваат законите. Во никој случај не смее во 21 век да се премолчува политички прогон.

Кршењето на човековите права сериозно ќе ги загрозат нашите Евроатлански интеграции. ОЈО и судот пред себе ја имаат историската шанса да ја одбранат правдата. ОЈО и судот можат да стават крај на овој политички монтиран случај, во интерес на Уставот, демократијата и правната држава“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито